Top Sport

Барселона одбиле астрономска понуда за Ансу Фати

Во време кога во фудбалот владее финансиска криза Барселона добиле астрономска понуда за Ансу Фати. Понудата на адресата на клубот ја доставил менаџерот Жорж Мендеш.

Фати зад себе има извонредна деби сезона во Ла Лига, а неодамна дебитираше и за шпанската репрезентација, постигна гол против Украина и стана најмладиот стрелец во историјата на националниот тим.

Неименуван клуб на Барселона и понудил 150.000.000 евра за Фати. Според понудата што ја донел Мендеш заинтересираниот купувач понудил 125.000.000 во кеш и 25.000.000 евра низ бонуси.

Фати во својот договор има откупна клаузула од 400.000.000 евра.

Шпанските медиуми шпекулираат дека понудата која Барселона ја одбула стигнала од Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top