Top Sport

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец.

Според каталонскиот весник „Ел Национал“, челниците на клубот од „Камп Ноу“ не сакаат да преговараат за неговиот трансфер, дури и ако на адресата на Барселона пристигне понуда од 90 милиони евра.

Олмо (28), поранешен фудбалер на Динамо Загреб, има важна улога во плановите на каталонскиот клуб, кој го гледа како еден од лидерите во тимот, во наредните сезони.

Како што објави „Ел Национал“, раководството на Барселона смета дека нема причина да се разгледуваат понуди, без оглед на интересот на Баерн и финансиските можности на германскиот гигант.

Единствената можност Олмо да ја напушти Барселона без договор меѓу двата клуба би била да ја активира откупната клаузула во неговиот договор, која изнесува дури 500 милиони евра. Во тој случај, одлуката би зависела од самиот фудбалер, кој, според каталонските медиуми, е задоволен од својот статус во тимот.

Голема улога во одлуката на Барселона игра и тренерот Ханси Флик, кој високо ги цени квалитетите на Олмо. Германскиот стручњак особено ја цени неговата техника, тактичка

Затоа, според истиот извор, каталонскиот клуб нема намера да постави цена за неговиот трансфер, но сака да го задржи во следните сезони.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');