Барселона издаде официјално соопштение по шпекулациите дека веќе склучиле договор со Антоан Гризман.
Според шпанскиот „Спорт“, каталонскиот гигант склучил „таен“ договор со 26-годишниот француски репрезентативец кој ќе се реализира ова лето, но во сосема неочекувана реакција на каталонскиот тим, тие излегоа со официјално соопштение, нешто што речиси никогаш го немаат направено.
„ФЦ Барселона категорички ги демантира шпекулациите од последните неколку часа во различнит медиуми околу наводната врска на играчот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман со нашиот клуб. ФЦ Барселона е незадоволна од овие случки и повторува дека гледа со почит кон институцијата на Атлетико де Мадрид“, се вели во соопштението.
? FC Barcelona official announcement
For more information ? https://t.co/b0uwNg7mP2
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 20, 2018
Гризман, кој има откупна клаузула од договорот од 100 милиони евра, во последно време беше поврзуван со трансфер во Барселона или во Манчестер јунајтед, а шпекулациите велеа дека Филип Кутињо го доби бројот 14 во Барса, бидејќи „седумката“ се чува за Гризман.
Меѓутоа, откако неодамна Атлетико Мадрид ги пријави Барселона до УЕФА за „нелегалните“ контакти со Гризман, очигледно, Барселона се „излади“ за можниот трансфер.