Top Sport

Барселона остана без Дембеле

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, поради повреда ќе биде надвор од тимот што го предводи Ернесто Валверде, три до четири недели.

Францускиот репрезентативец го постигна последниот гол за Барселона во победата над Лион (5:1). Дембеле, синоќа, ги одигра последните 20 минути за Барселона, а претпладнево клубот објави дека тој се здобил со повреда на бутниот мускул, на левата нога.

Дембеле сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Бетис и Еспањол во првенството, како и дуелите што ќе ги одигра Франција во квалификациите за ЕУРО 2020, а веројатно нема да настапи ниту на дербито со Атлетико на 7 април.

Тој би требало да биде подготвен за првиот четврт-финален меч во Лигата на шампионите, на 9 или 10 април.

Scroll to Top