Top Sport

Ребенсбург победи во Солде, Шифрин ја освои титулата во супер-џ

Михаела Шифрин го освои малиот Кристален глобус во супер-џ. Таа до трофејот во оваа дисциплина откако во Солде, Андора го освои четвртото место. За Американката ова е десетти Кристален глобус во кариерата, прв освоен за вкупна победа во брзите дисциплини.

Шифрин, досега во кариерата три пати победила во Светскиот куп, а со денешниот има шест мали Кристални глобуси освоени во слалом.

фото: epa

Трката во Солде ја заврши со 44 стотинки послабо време од она што го постигна победничката Викторија Ребенсбург од Германија (1:23.91 минути).

Покрај Германката место на победничкиот пиедестал изборија уште Тамара Типлер од Австрија и Федерика Брињоне од Италија.

Scroll to Top