Top Sport

Барселона остана без Феликс, се повредил на последниот тренинг

Новото име на списокот на повредени играчи во фудбалскиот клуб Барселона е Жоао Феликс.

Португалецот на последниот тренинг се здоби со повреда на скочниот зглоб и според првите прогнози ќе отсуствува околу три недели.

Тоа значи дека ќе биде во трка со времето за првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Португалецот оваа сезона за Барселона игра на позајмица од Атлетико Мадрид.

Покрај Феликс, во моментов се повредени Гави и Алехандро Балде кои ја завршија сезоната, надвор од терените се уште е Рафиња, а наскоро се очекува да се вратат Марк-Андре тер Штеген и Иниго Мартинез.

Без Рафиња и Феликс, нападот на Барса во следните натпревари се очекува да го предводи триото Феран Торес, Ламин Јамал и Роберт Левандовски.

Барселона вечерва од 19 часот ја пречекува Осасуна, а во сабота од 18:30 часот гостува кај Алавес.

Scroll to Top