Top Sport

Барселона остана без уште еден играч од одбраната

По 11 победи во исто толку натпревари оваа сезона, Барселона претрпе неколку тешки порази минатата недела. Прво, загубија со 4:2 од ПСЖ во Лигата на шампионите, а вчера и од Реал (2:1) во дербито на Ла Лига.

Против ПСЖ останаа без Дани Олмо, кој излезе на полувреме и ќе отсуствува еден месец,а нови лоши вести за тренерот Флик дојдоа по поразот од Реал.

Барселона ќе биде без Чави Еспарт речиси два месеци. Младиот, 19-годишен лев бек мораше да го напупти теренот по само половина час, поради повреда на десниот глужд.

Еспарт игра многу добро сезонава, го постигна својот втор гол против ПСЖ оваа сезона, а има и две асистенции во девет настапи.

Одбраната на Барселона веќе е значително ослабена од повредите на Жил Кунде и Ерик Гарсија, па губењето на Еспарт најмалку седум недели значи дека нејзината бековска линија е десеткувана.

Ова го потврди тренерот Ханси Флик, кој рече дека останал без одбрана и потсети дека уште еден дефанзивец, Андреас Кристенсен е повреден подолго време.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');