Top Sport

Барселона по грешка му исплатиле 10 милиони евра на Нејмар

Финсиската криза сериозно удри по буџетот на фудбалскиот клуб Барселона. Црните прогнози се дека клубот, чии долг изнесува 802.000.000 евра, би можел да банкротира.

Шпанските медиуми објавија дека пола од долгот Барселона мора да го врати до крајот на сезоната. Поради тоа клубот интензивно преговара со фудбалерите околу нвото намалување на платите. Доколку биде постигнат договор, Барселона ќе заштеди значителна сума на пари.

Барселона го контактирала и својот поранешен играч, Нејмар. Причината е бизарна, додека бил нивен играч, по грешка му исплатиле 10,2 милиони евра и сега клубот си ги бара назад тие пари.

Се чека одговорот од Нејмар.

 

Scroll to Top