Top Sport

Барселона покрена дисиплинска постапка против Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген одби да потпише согласност Барселона да достави извештај за неговата повреда и операција до раководството на Ла Лига.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона покрена дисциплинска постапка против него. Случајот го презеде правниот тим на каталонскиот клуб, а 33-годишниот германски голман речиси сигурно ќе се соочи со казна.

Постапката на Тер Штеген има директни последици за клубот. Доколку се докаже дека неговата повреда е сериозна и дека нема да се опорави во следните пет месеци, клубот би можел да даде 80 проценти од неговата плата на друг играч.

Сето ова е дел од договорот меѓу Барселона и раководството на лигата откако клубот беше речиси банкротиран за време на пандемијата на коронавирусот. Оттогаш, Барселона може да троши колку што заработува и мора да ги држи платите на играчите и персоналот во дадените граници.

Тешката и долготрајна повреда на Тер Штеген би ѝ овозможила на Барселона да регистрира нов голман, станува збор за 24-годишниот Џоан Гарсија.

Нешто слично се случи и минатата сезона, кога клубот во последен момент успеа да го регистрира Дани Олмо, Андреас Кристенсен беше сериозно повреден.

Од Барселона го повикале Тер Штеген на разговор, но тој одбил. Ситуацијата меѓу играчот и клубот е напната, пишува „Мундо Депортиво“.

Германецот е во Барселона од 2014 година и бранел во 422 натпревари. Со клубот ја освои Лигата на шампионите и шест шампионски титули во Шпанија.

Foto/ EPA/Alejandro Garcia

Scroll to Top