Top Sport

Барселона постигна само два гола во ЛШ

„Ова е нашата реалност. Беа подобри од нас, беа супериорни“.Оваа изјава на Чави Ернандез, по поразот во Минхен и елиминацијата од Лигата на шампионите, најдобро ја отсликува ситуацијата во која се наоѓа Барселона.

Прв пат од 2000 година, Барселона нема да биде учесник во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Барселона освои седум бода во Е-групата, на табелата заврши зад лидерот Баерн и Бенфика.

Барселона забележа две победи, двете со минимален резултат во дуелите со Динамо Киев. Само два гола постигна Барса сезонава во Лигата на шампионите.

Од вкупно 32 тима оваа сезона во Лигата на шампионите, помалку голови од Барселона, по еден, постигнаа Малме и Динамо Киев.

Scroll to Top