Top Sport

Барселона потпиша момче од својата школа, откупната клаузула му е 100 милиони (Видео)

Барселона потпиша договор со момче од својата академија кое се уште нема полни 18-години и во неговиот договор вметна откупна клаузула од 100 милиони евра.

Рикардо Пуиг потпишал три годишен договор со Барселона, со можност истиот да биде продолжен за уште две години.

Пуиг е продукт на прочуената школа на Барселона „ла Масија“, а интерес за него покажал и лондонски Тотенхем.

Играчот чија природна позиција е во редот за врска и покрај то а што потпиша договор со Барселона, наредната сезона ќе настапува во Б тимот на каталонскиот гигант.

Scroll to Top