Top Sport

Барселона преживеа на „Аноета“ (Видео)

Барселона ја забележа четвртата победа од почетокот на сезоната во Примера, откако со пресврт успеа да слави на „Аноета“ во Сан Себастијан, против Реал Сосиедад со 2.1.

Актуелниот шпански шампион одигра просечен меч, но сепак за три минути успеа во вториот дел успеа да го надмине минусот од еден гол.

Реал Сосиедад го отвори резултатот во 12.минута со голот на Ариц Елустондо. Домашниот тим, потоа промаши три добри шанси за зголемување на предноста.

Барселона сурово ги казни промашувањата на противникот. Најпрвин Луис Суарез израмни во 63.минута, а само три минути подоцна Дембеле го постави конечниот резултат.

Scroll to Top