Top Sport

Барселона против Наполи без Тер Штеген?

Голманот на Барселона Марк Андре тер Штеген поради повреда би можел да го пропушти осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Наполи.

Германецот има проблеми со коленото, поради што го пропушти натпреварот од последното коло во ла Лига против Алавес. Според „АС“, Тер Штеген ќе мора да го оперира коленото, иако во клубот се надевале дека тој ќе може да издржи до крајот на Лигата на шампионите, а потоа да замине на операција.

Барселона ќе го пречека Наполи на 8 август. Резултатот по првиот меч е 1:1. Победникот од ова осмина-финале во наредната рунда ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Баерн Минехн и Челси.

Scroll to Top