Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, е во преговори со клубот за продолжување на договорот. Двете страни сакаат да ја продолжат соработката и доколку постигнат договор, холандскиот интернационалец повторно ќе потпише до 2028 година.
Раководството на клубот се надева дека Де Јонг ќе направи компромиси за платата поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат каталонскиот гигант. Од „Камп Ноу“ не сакаат да вршат притисок врз играчот, особено по настаните од минатата година кога против негова волја се обидоа да го продадат на Манчестер Јунајтед.
Френки де Јонг е во Барселона од 2019 година. Во сезоната 2022/23, тој забележа 43 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и четири асистенции.
Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до 2026 година.