Top Sport

Барселона се договори со Андреас Кристенсен

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, ги започна активностите за летниот преоден рок. Од наредната сезона дресот на каталонскиот гигант ќе го носи Андреас Кристенсен. Данецот се согласил да потпише пет годишен договор.

Андрес Кристенсен ќе биде првото лето засилување за Барселона. Неговиот договор со Челси истекува на крајот од сезоната, реши како слободен играч да го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Каталонски „Спорт“, објави дека Кристенсен успешно ги минал лекарските прегледи, ги прифатил условите што му ги понудил Лапорта и дека наскоро ќе го стави својот потпис на пет годишниот договор со Барселона.

Доаѓањето на Данецот, значи дека Французите Клеман Ленгле и Самуел Умтити ќе го напуштат клубот.

Scroll to Top