Top Sport

Ракитиќ: Ми ја зедоа топката, тажен сум

Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ рекол дека е тажен што останал без место во стартната постава на Барселона, бидејќи чувствувал дека се наоѓа во најдобриот период од кариерата.

Хрватскиот репрезентативец неколку сезони беше незаменлив член на стартната постава, но летово со доаѓањето на Френки Де Јонг неговиот статус во тимот драматично се семени.

„Ги и разбирам и почитувам одлуките на тренерот, клубот или кој и да е. Но многу дадов за овој клуб во изминатите пет години. Немам 38, имам 31 година и чувствувам дека сум на врвот на мојата кариера“, рекол Ракитиќ.

„Како се чувствува мојата ќерка кога ќе и ја земеш играчката? Тажно. Така сега јас се чувствувам. Ми ја зедоа топката, јас сум тажен“.

Искусниот фудбалер има договор со Барселона до 2021 година. Се шпекулира дека тој во јануари ќе го напушти клубот.

Неколку клубови покажале сериозен интерес за него, а медиумите во Каталонија пишуваа дека само Барселона нема намера да го продаде само во Атлетико Мадрид.

Scroll to Top