Top Sport

Барселона се прошета низ Севилја

Барселона во дербито на коло во Примера победи во Севилја со 3:0. По ремито на стартот од сезоната со Рајо Ваљекано, Барселона ја забележа и третиот триумф во низа.

Барса ја продлабочи кризата на Севилја, која од можните 12 бода освои само еден. Каталонците сите дилеми околу конечниот победник ги решија во првиот дел.

Првиот гол го постигна Бразилецот Рафиња во 21. минута, а потоа Левандовски зголеми на 2:0. За голот му асистираше поранешниот играч на Севилја, Кунде.

Точка на триумфот стави Ерик Гарсија во 50. минута, а повторно асистент беше Кунде.

 

 

Scroll to Top