Top Sport

Барселона се распрашува за Феликс, ПСЖ сепак е фаворит за неговиот потпис

Жоао Феликс (23) по шест месеци се врати во Атлетико Мадрид. Португалскиот напаѓач од јануари до јуни беше на позајмица во Челзи. Новиот менаџер на Челси, Маурисио Покетино, одлучи дека Португалецот не му е потребен во тимот. Феликс оваа сезона одигра вкупно 35 натпревари за Челзи и Атлетико.

Ману Саинц, новинар на шпански АС, пишува дека Португалецот се надевал дека ќе има нов клуб до 10 јули, но неговите „маки“ во Атлетико се пролонгирале. ПСЖ е заинтересиран за него и ќе го чека евентуалното заминување на Нејмар или Мбапе и дури потоа ќе се обиде да го реализира трансферот на Феликс.

Според изворите на Саинц, откупната сума би изнесувала околу 80 милиони евра, а Феликс на тој начин би станал најголемиот летен трансфер на ПСЖ.

Сепак, него го бара и Барселона, чиј простор за маневрирање е стеснет поради финансиската криза. Самиот Феликс ги претпочита Каталонците, но можно е тие да не можат да ја следат понудата на ПСЖ.

Феликс ги започна подготовките со Атлетико, но без никаков ентузијазам. Од мадридскиот клуб бил информиран дека повеќе нема да го носи бројот 7 на дресот бидејќи тој број сега му припаѓа на клупската легенда Антоан Гризман. На крајот од првиот тренинг тој разговарал со спортскиот директор Андра Берта.

Шпанските медиуми пишуваат дека разговорот не бил воопшто пријатен, а траел само неколку минути. Португалецот потоа незадоволен пред крајот на тренингот заминал во соблекувалната.

Жоао Феликс во Атлетико пристигна од Бенфика летото 2019 година за цели 126 милиони евра. Во 2019 година беше прогласен за најдобар млад играч во Европа, но во текот на три и пол сезони во Мадрид не ги исполни очекувањата, постигнувајќи само 34 гола на 131 натпревар, но навивачите на Атлетико го изгласаа за најдобар играч на клубот претходната сезона.

Scroll to Top