ФИФА ќе покрене истрага против Барселона, која спротивно на правилата, преговарала со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.
Дека Барселона, без претходно да го извести Атлетико и надвор од сите правила на ФИФА, преговара со францускиот напаѓач, откри претседателот на клубот Жосеп Марија Бартомеу. Првиот човек на Каталонците, на почетокот на годината, изјави дека клубот преговара со менаџерот на Гризман.
Поради ова Барселона се соочува со жестока казна од ФИФА. Весникот „АС“, пишува дека на Барселона би можеле да и бидат стопирани сите трансфери во наредните пет преодни рокови.
Поврзано со оваа информација, шпанскиот „АБЦ“, објави дека дошло до пресврт во „случајот Гризман“, односно дека напаѓачот немал намера да потпише договор со Барселона. Наводно решил да остане во Атлетико за годишна плата од 20 милиони евра.
Гризман, во петокот, по пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Италија (3:1), на новинарите им рекол дека конечната одлука ќе ја соопшти пред почетокот на Светското првенство.