Top Sport

Модриќ до Нејмар: Те чекаме во Мадрид (Видео)

Лука Модриќ му порачал на Нејмар дека го чекаат во Реал. Вчера, Бразил и Хрватска одиграа пријателски меч на „Енфилд“ во Ливерпул, а по натпреварот Модирќ и Нејмар ги размениле дресовите.

Кога Нејмар, на хрватскиот репрезентативец му го потпишувал дресот, Лука му порачал: „Те чекаме во Мадрид“. Нејмар само се насмејал.

Неколку месеци се шпекулира дека Нејмар е незадоволен во ПСЖ и дека Реал има намера да го донесе во Мадрид.

Бразилецот, во минатиот преоден рок, за рекордна сума од 222 милиони евра ја напушти Барселона.

Нејмар, вчера по пауза од речиси четири месеци се врати на фудбалските терени. Тој го постигна првиот гол на натпреварот против Хрватска кој заврши со победа на Бразил 2:0.

Scroll to Top