Top Sport

Барселона се врати на „Ноу Камп“, тренираше и Меси

Фудбалерите на барселона претпладнево по пауза од три месеци тренирале на главниот терен на стадионот „Ноу Камп“. Барселона се подготвува за ре-старт на сезоната, а 13 јуни Каталонците ќе гостуваат кај Мајорка.

Добра вест за Барселона е што тренирал и Лионел Меси кок пропушти неколку тренинзи поради повреда.

Аргентинецот од претпазливост, исто како и Нелсон Семедо, тренирал одвоено по посебна програма.

Сепак во клубот очекуваат Меси и Семедо да бидат подготвени гостувањето на Балеарските острови.

Scroll to Top