Top Sport

Барселона се заинтерсирани за Јовиќ, но не по секоја цена

Челниците на Барселона решиле да во мирување да ги стават преговорите за Лука Јовиќ, објави во понеделникот каталонски „Спорт“, бидејќи Ајнтрахт и менаџерот на фудбалерот се обидувале да ја зголемат цената.

Скаути на Барселона, оваа сезона 15 пати ги гледале натпреварите на Ајнтрахт, а минатата недела спортскиот директор, Ерик Абидал, бил во Лисабон на мечот Португалија-Србија, на кој Јовиќ не дони шанса да настапи.

Од „Ноу Камп“ не кријат дека се заинтересирани за напаѓачот, меѓутоа како што изјавиле „нема да учествуваат во аукцијата за неговиот потпис“.

Наводно, Барселона за Јовиќ најмногу можат да понудат 60 милиони евра. Во клубот им пречело што Ајнтрахт и менаџерот Фали Рамадани ги користат сите методи за да му ја кренат цената.

Менаџерот Рамадани, во петкот бил во Мадрид, каде според „Марка“, со директорите на Реал разговарал за потенцијалните трансфери на Лука Јовиќ и Миралем Пјаниќ.

Покрај Барселона и Реал, интерес за српскиот репрезентативец покажувале и од Пари Сен Жермен.

„Спорт“, пишува дека Барселона ќе ги продолжи преговорите, но дека нема да потклекне пред притисоците.

Од друга страна, од Франкфурт, актуелниот клуб на Јовиќ, тврдат дека до нив не стигнала ниту една понуда.

Scroll to Top