Шпанскиот фудбалски гигант Барселона продаде дополнителни 15 отсто од телевизиските права за период од 25 години на американскиот инвестициски фонд „Sixth Street“.
Барселона на истиот фонд претходно му продаде 10 отсто од ТВ правата, а тогаш заработи 207,5 милиони евра. Колку пари добиле од новата продажба клубот не соопштии. Шпанскиот печат пишува дека станува збор за околу 400 милиони евра.
Оваа финансиска инјекција ќе и помогне на Барса да се усогласи со финансискиот фер-плеј и да ги сервисира постоечките трошоци како што е трансферот на Роберт Левандовски и Бразилецот Рафиња.
За Полјакот и Бразилецот, Барселона издвои вкупно 110 милиони евра.