Top Sport

Барселона тргнува по Кимих: Чави е неговиот идол од детството

Барселона тргна во тотална офанзива, бидејќи наводно Џошуа Кимих сака да го напушти Баерн Минхен и да се пресели на „Камп Ноу“. Оваа вест ја донесе „Мундо Депортиво“, со напомена дека Кимих е вознемирен од целата ситуација во Баерн при смената на Јулијан Нагелсман, која целосно ја подели соблекувалната на тимот.

Кимих и Горецка јавно се изјаснија против таа одлука и застанаа зад поранешниот тренер.

Германецот би бил одлична замена за капитенот во заминување, Серхио Бускетс.

Кимих има 28 години, тој е во својата најдобра фудбалска возраст, а веќе неколку сезони игра во својот врв. Може да игра и на позицијата десен бек, иако во последните години е профилиран како последен играч за врска.

Посебен момент во оваа приказна дава фактот дека Кимих никогаш не криел дека Чави Ернандез, тренерот на Барселона, му е идол уште од детството.

Scroll to Top