Top Sport

Барселона: Видал не заслужи да добие бонус

Барселона преку медиумите му одговори на Артуро Видал зошто нема да му бидат исплатени 2,4 милиони евра, пари поради кои Чилеанецот поднесе тужба против клубот.

Минатата недела Видал преку својот менаџер и адвокат поднел тужба против Барселона. Бара да му бидат исплатени 2,4 милиони евра за кои тврди дека му следувале според договорот.

Медиумите пак потегот го нарекоа „обид на Видал да издејствува трансфер во Интер“. Не е тајна дека италијанскиот великан е заинтересиран за услугите на Чилеанецот. Интер за Видал понудиле 12 милиони евра.

Челниците на Барселона немаат намера да му ги исплатат парите, а не е познато дали ќе му дозволат трансфер во некој друг клуб.

Според нив Артуро Видал со она што го прикажувал на теренот не заслужил да го добие бонусот.

Scroll to Top