Top Sport

Барселона во Дортмунд, Јувентус го чека Сити, Црвена звезда на „Сан Сиро“

Вториот ден од шестата рунда во Лигата на шампионите ќе го отворат натпреварите во Мадрид и Лил од18.45 часот. Во стандардниот термин од 21 часот најголемо внимание привлекуваат натпреварите во Дортмунд и Торино.

Атлетико Мадрид и Лил во првите два натпревари од денешната програма се големи фаворити во дуелите со Слован Братислава односно Штурм.

Во Дортмунд, минатосезонскиот финалист, Борусија ќе ја пречека пред оваа средба двата клуба освоија по 12 бодови ја делат шестата позиција.

„Барселона е голем клуб, игра убав фудбал, но кога Борусија игра дома, тогаш ниту една друга екипа не може да ја добие улогата на фаворит. Веруваме дека имаме потенцијал да се спротивставиме на шпанскиот гигант и се надевам дека ќе успееме“, рече тренерот на Дортмунд, Нури Сахин, додека шефот на стручниот штаб на Барселона, Ханси Флик додаде:

„Добро знам колку е тешко да се игра против Борусија во Дортмунд. Атмосферата на нивниот стадион е навистина фантастична, а покрај тоа, тимот што Нури го има на располагање е многу квалитетен. Ќе мораме да бидеме внимателни бидејќи ние не смееме да дозволиме да не нападнат, многу опасни кога ќе почувствуваат дека сте во нивни раце“.

Лига на шампиони, 6. коло

Среда:

Атлетико – Слован 18.45 часот
Лил – Штурм 18.45 часот
Милано – Црвена звезда 21.00 часот
Арсенал – Монако 21.00 часот
Бенфика – Болоња 21.00 часот
Борусија Д. – Барселона 21.00 часот
Феенорд – Спарта 21.00 часот
Јувентус – Манчестер Сити 21.00 часот
Штутгарт – Јанг Бојс 21.00 часот

Scroll to Top