Top Sport

Барселона во Ел Класико ќе носи посебни дресови во чест на раперот Дрејк

Првото фудбалско Ел Класико оваа сезона, Реал Мадрид и Барселона ќе го одиграат во недела од 16:15 часот во Мадрид. Каталонскиот тим на своите дресови ќе го има логото на канадскиот рапер Дрејк. Имено, минатата сезона Барселона се согласи да соработува со сервисот за стриминг на музика „Spotify“, со цел да ги закрпи финансиските дупки предизвикани од долгогодишното расфрлање со финасиите.

Под слоганот „да ги споиме фудбалот и музиката“, Барселона на загревањето ќе истрча во дресови со илустрација на був од предната страна, што е логото на Дрејк, а играчите на Чави, на грбот ќе го имаат бројот 50 и натписот Дрејк.

Канадскиот рапер, всушност, прв ја проби границата од 50 милијарди стримови на „Spotify“.

„Spotify“, избра многу добро време за ваков вид на промоција. Барселона и Реал влегуваат во Ел Класико од самиот врв на табелата, со ист број бодови. Барселона е на прво место бидејќи има подобра гол разлика. Избраниците на Чави примија само еден гол во осум кола.

 

Scroll to Top