Фудбалерите на Барселона гостуваат кај Реал Мадрид следниот викенд, а Ханси Флик и за овој меч се соочува со персонални проблеми.
Барселона беше десеткувана против Џирона во саботата, и се очекува дека само Рафиња и Феран Торес ќе бидат во составот до „Ел Класико“.
Тие се во последната фаза од закрепнувањето, Флик веројатно нема да ризикува со нив против Олимпијакос во Лигата на шампионите за да бидат 100 отсто подготвени за Реал.
Сепак, голем број играчи сепак ќе го пропуштат гостувањето кај Реал: Џоан Гарсија, Пабло Гави, Дани Олмо, Роберт Левандовски.
Дербито во Мадрид ќе го пропушти и тренерот Флик кој доби црвен картон против Џирона. Шпанските медиуми тврдат дека казната за тренерот ќе биде поголема од еден натпревар, бидејќи непримерно го славеше голот на Араухо во 94-та минута.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16.15 часот.