Top Sport

Барселона за половина час го „реши“ Атлетик (видео)

Барселона за половина час направи доволно за 2:0 победа над Атлетик Билбао за да ја зголеми предноста на врвот на Лига 1 на девет поени пред Атлетико Мадрид, кои подоцна гостуваат кај Вилјареал.

Пако Алкасер во осмата минута од мечот доби добра топка од Жорди Алба (од помалку сомнителна офсајд позиција) за да донесе водство за Блауграна на „Ноу Камп“, пред Лео Меси во 30. минута да добие асистенција од Усман Дембеле, за од работ на шестнаесетникот да го реши победникот во мечот.

Со 23. победа во 29. кола во Ла лига, Барса направи уште еден чекор до својата титула и на девет кола пред крајот има 9 поени пред Атлетико и дури 18 пред Реал Мадрид (на четвртото место), иако двата тима имаат натпревар помалку, односно играат денеска попладне.

Scroll to Top