Додека трае сагата околу евентуалниот трансфер на Лаутаро Мартинез од Барселона во Интер, челниците на каталонскиот гигант покажуваат интерес за уште еден фудбалер на клубот од „Џузепе Меаца“.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона е сериозно заинтересиран за Словакот Милан Шрињар (25). Според нив тој би бил идеална замена за Џерар Пике кој во февруари наполни 33 години.
Според овој извор цената на Шрињар се движи околу 50 милиони евра, но прашање е дали Интер се подготвени да се откажат од еден од најстандарните играчи во формацијата што ја форсира тренерот Антонио Конте.
Сигурно е дека Конте ќе инсистира Словакот да остане бидејќи е извесно дека во овој преоден рок ќе остане без еден играч од одбраната. Медиумите во Италија пишуваат дека Диего Годин ќе го напушти Интер.
Шкрињар во кариерата играч за Жилина и Сампдорија, за Словачка има одиграно 31 натпревар.