Top Sport

ФИФА нема да ги прогласи најдобрите за 2020 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) оваа година нема да ги доделува „Бест“ наградите. Свечената церемонија, во септември во Милано нема да се одржи, соопшти ФИФА.

ФИФА, како што истакан претседателот на оваа организација Џани Инфантино, продолжува да спроведува мерки и со пандемијата ќе се однесува со максимално внимателно.

Поради коронавирусот ФИФА веќе ги одложи Светските првенства за фудбалерики до 17 и 20 години. Првенствата ќе се одржат во февруари наредната година. Исто така за наредната година е одложено и Светското првенство во футсал.

Единственото натпреварување кое ФИФА ќе го организира оваа година е Светското клупско првенство во Абу Даби.

Scroll to Top