Top Sport

Бартомеу бара да му честитаат што успеал да го задржал Меси

Претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу рекол дека не можел да му дозволи на Лионел Меси да го напушти клубот. Во интервју за „ТВ3“ тој зборувал за целата сага, истакнувајќи дека тој и управата на клубот треба да добијат честитки бидејќи успеале да го задржат Аргентинецот.

„Нема да се расправам со Меси. Тој е нашиот капитен, тој е лидерот на тимот. Не можев да му дозволам да го напушти клубот, тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот, потребен му е на тимот. Доколку го имате Меси гарантирано е дека ќе бидете успешни. Видовме како изгледа на теренот и повеќе не размислуваме за таа сага. Најдобриот играч во светот треба да остане кај нас“, рекол Бартомеу и дополнил.

„Јас и моите соработници ќе работиме на тоа да го имаме најдобриот можен тим. Никој не сака да се откаже. Клубот нема да застане ќе продолжиме да работиме, имаме уште многу проблеми што треба да ги решиме. .

Меси пред еден месец ја крена фудбалската јавност на нозе кога побара да ја напушти Барселона. На крајот остана бидејќи целиот случај можеше да заврши на суд.

Меси тогаш изјави дека никогаш нема да го тужи клубот кој е дел од неговиот живот, но не одговори на прашањето дали и по истекувањето на договорот ќе остане во Барселона. Договорот на Меси со Барселона истекува наредното лето.

Scroll to Top