Гробарот на Барселона, како што во Каталонија го нарекоа поранешниот претседател на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, прв пат се огласи во јавноста по заминувањето од клубот.
Бартомеу го обвини својот наследник за заминувањето на Лионел Меси и рекол дека реалниот долг на Барселона е помал од она што се прикажува. За потсетување, Барселона должи 1.350.000.000 евра.
„Ова лето дозволија да си замине Лео Меси. Тоа е лоша одлука. Сега мора да се менуваат многу работи. Да бев претседател ќе направев се за да го задржам Меси“, рекол Бартомеу.
„Ризик од банкрот не постои. Да, минусот постои, но тоа е само поради пандемијата. Не заборавајте дека Барселона има голем капител, во играчите, стадионот, високата вредност на пазарот…Ние не работевме катастрофално како што тоа се обидуваат да го прикажат УЕФА, Ла Лига и ревизорите. Според „Форбс“ ние сме највредниот клуб во светот! Пандемијата предизвика пад на приходите од 500.000.000 евра за минатата сезона. Невозможно беше да се контролира ситуацијата во услови на пандемија. Многу клубови се погодени од она што се случи. Им порачувам на членовите на клубот и навивачите да не се грижат“, рекол меѓу другото Бартомеу.