Top Sport

Бартомеу: Иско? Би требало да разговарам со Флорентино

Претседателот на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, открил дека немал проблем доколку би требало да реализира трансфер на фудбалер на Реал Мадрид. Шпанските медиуми шпекулираат дека Иско би можел од Реал да се пресели во Барселона.

Иско има проблеми во Реал, кај новиот тренер Сантијаго Солари, не може да се избори за место во тимот, а како времето одминува тој добива се помалку шанси да игра.

Желбата на шпанскиот репрезентативец е да најде тим каде ќе биде стандарден. Најчесто тој се поврзува со Манчестер сити и Јувентус.

„Доколку нашите тренери покажат желба да донесат играч кој сака да го напушти Мадрид, секако дека ќе се обидеме да го реализираме тој трансфер“, рекол Бартомеу.

„Сепак такво нешто не се случило откако сум јас тука. Не постои никаков пакт, секој клуб се обидува да биде подобар од другиот. Кога станува збор за Иско, најпрвин би требало да разговарам со претседателот на Реал, Флорентино Перез“, дополнил првиот човек на Барселона.

Барселона и Реал, вечерва (21 час), ќе го одиграат првиот полу-финален натпревар во Купот на Шпанија.

Scroll to Top