Top Sport

Најлудиот кош во историјата (Видео)

Средношколецот Бен Брус веројатно го постигна најлудиот кош во историјата на кошарката. Поради овој кош дури и судиите морале да ги консултираат правилата.

Натпреварот е одигран во лигата за средношколци во Сан Диего. Брус шутирал за три поени, не погодил, но топката се одбила кај него. Бидејќи бил во неповолна позиција, тој се обидел да погоди противнички играч и да избори аут за својот тим.

Брус надвор од баланс силно ја исфрлил топката која се одбива од удира во паркетот и…завршува во противничкиот кош. Во салата делириум, а кај судиите неверување, дали е кошот за два или за три поени.

Откако ги консултирале правилата покажачле дека се два поени, бидејќи топката удрила во паркетот, без оглед на тоа што Брус ја исфрлил од зад линијата за три поени.

Погледнете го видеото

Scroll to Top