Top Sport

„Бартомеу ја носи Барса кон банкрот“

Претседателот на Барселона Џосеп Марија Бартомеу се соочува со голем притисок од јавноста, вработените, играчите. Клубот е во криза која според многумина може да биде решена само со избори, односно со заминување на Бартомеу.

Шестмина членови на Управниот одбор поднесоа оставки, а еден од конкурентите Виктор Фонт го обвинува Бартомеу за финансиски нерегуларности. Инаку Виктор Фонт има безрезервна поддршка од легендата на клубот Чави.

Бизнисменот Фонт, лидер на „Си ал футур“, прв открил дека Барселона платила еден милион евра на ПР компании за да го деградираат Меси на социјалните мрежи.

Од Барселона ги негираа овие наводи на Фонт.

Бизнисменот рекол дека уште во 2017 година предупредил дека клубот ќе се најде во ваква ситуација.

„Нашата организација предупредуваше дека раководството ја носи Барселона директно во ураган. Тие не разбираат дека постепено треба да ја заменат најдобрата генерација во историјата на клубот, да развијат финансиски одржлив проект, но и да престанат да се натпреваруваат со корпорации кои имаат неограничени ресурси“, рекол Фонт алудирајќи на сопствениците на ПСЖ и Манчестер сити.

„Тие немаат концепт да ја водат Барселона во овие времиња, им ја зедоа моќта на навивачите ги заобиколувата институциите, поради што проблемот од голем стана нерешлив. Тоа што се случува сега во клубот со оставките на шестмината од УО е врв на ледениот брег“.

Според Фонт Бартомеу наместо да се повлече ја продлабочува кризата и го тука клубот во пропаст.

„Сетет се што направи со Нејмар, како редеше погрешни инвестиции. Сега се стигнати до банкрот бидејќи приходите ќе трпат поради пандемијата. Уште поголем срам е што се расправаа со фудбалерите околу намалувањето на платите“, заклучил Фонт.

Scroll to Top