Top Sport

Годин го напушта Интер

Уругвајскиот фудбалер Диего Годин по само една година се подготвува да го напушти Интер. Порталот „Фудбал Италија“ тврди дека Годин кариерата ќе ја продолжи во Премиерлигата.

На почетокот на минатото лето Годин како слободен фудбалер се пресели во Интер. Претходно тој девет сезони го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

Годин има договор со Интер до 30 јуни 2022 година, неговата вредност „Трансфермарк“ ја проценува на осум милиони евра.

Интерес за услугите на Годин наводно покажале Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Scroll to Top