По состанокот на бордот на директори на Барселона, претседателот Жосеп Марија Бартомеу реши дека нема да даде оставка и покрај петицијата за негово отстранување, која собра над 10 илјади потписи на членовите на клубот.
Бордот ја чека конечната одлука на каталонската регионална власт дали референдумот за неговото претседателствување може да се оддржи на 1 и 2 втори ноември. Во понеделникот, Барселона прати писмо до Пере Арагонес, претседателот на каталонската влада, барајќи да се откаже ова гласање, а одлуката на здравствените власти ќе биде позната во среда.
Според шпанските медиуми, ова значи дека Бартомеу, претседателот кој е критикуван поради трансфер-политиката на клубот, конфликтот со Лионел Меси и слабите резултати на тимот, сака да се бори до крај, користејќи ја пандемијата на корона вирусот за откажувањето на гласањето.
Бартомеу веќе потврди дека нема да бара уште еден мандат на чело на Блауграна, а редовните избори во клубот се закажани во март.