Медиумите во Шпанија последните месеци пишуваа дека челниците на Каталонскиот клуб го губат трпението и немаат повеќе нерви да ги трпат испадите на 22-годишниот фудбалер Усман Дембеле.
Неговиот талент никогаш не е доведен во прашање, туку дисциплината. Младиот фудбалер неколкупати не се појавил на закажан тренинг затоа што не се наспал доволно, затоа што до раните утрински часови играч видео игри. Тој поради „зависноста“ од видео игри почнал и да оди на сеанси за одвикнување.
Францускиот фудбалер имаше многу проблеми и со повреди. Сепак и покрај сите проблеми што Дембеле им ги создава на првите луѓе на Барса, иако има заинтересирани клубови за неговите услуги, тој останува на „Камп Ноу“.
„И следната сезона продолжуваме заедно“ – кратко соопшти првиот човек на Каталонците, Џозеп Бартомеу.
Инаку токму денес ка се појави информација дека европскиот шампион Ливерпул е подготвен за францускиот фудбалер да одвои 150 милиони евра за да го доведе на „Енфилд“.