Top Sport

Шек ги одбра најдобрите тројца НБА–кошаркари во моментов!

Поранешната кошаркарска НБА ѕвезда, Шекил О’Нил ги одбра тројцата најдобри кошаркари во моментов во најсилната кошаркарска светска лига.

За грамадниот О’Нил – Каваи Ленард од Торонто Репторс, Кевин Дурант од Голден Стејт Вориорс и Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс се моментно тројцата први ѕвезди на НБА.

„Ленард игра одлично. Кога судиите нема да досудат лична грешка над него, тој нема да покаже незадоволство, туку продолжува со играта. Тој е меѓу трите најдобри кошаркари во лигата. Леброн е на прво место според мене, а Дурант е на втората позиција“ – рече Шекил О’Нил.

Токму играчот на шампионот Торонто е прогласен за најкорисен кошаркар во последната финална серија.

Scroll to Top