Top Sport

Бартомеу: ВАР го фаворизира Реал Мадрид

Претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу смета дека ВАР-технологијата оваа сезона не била адекватно употребена во Ла Лига. Бартомеу го дели мислењето на Џерар Пике дека видео-технологија „работи“ за Реал Мадрид.

Реал Мадрид последните два натпревари ги реши со 1:0, головите против Хетафе и Атлетик Билбао Рамос ги постигна од пенал во финишот на натпреварите.

„ВАР оваа сезона не го дава она што го очекувавме и баравме. Во многу ситуации не беше искористен подеднакво. Фаворизираше одредени екипи, а во подредена положба ги стави другите“, рекол Бартомеу алудирајќи дека ВАр му помага на Реал.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, по натпреварот во Билбао рекол дека „му е мака стално да говори за истите работи.“

„ВАР треба да им помага на судиите, но тоа не се случува последните недели. Не им помага воопшто.“

На табелата во Ла Лига, на пет кола до крајот Реал има четири поени повеќе од Барселона.

Scroll to Top