Top Sport

Бартомеу: Знаев дека Дембеле е подобар играч од Нејмар

Претседателот на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, рекол дека Усман Дембеле е подобар фудбалер од Нејмар дека младиот Французин експресно се вклопил во тимот по трансферот од Борусија Дортмунд.

Пред две години ПСЖ решија да ја активирата клаузулата во договорот на Нејмар од 222 милиони евра. Бразилецот ја прифати понудата и се пресели во Париз.

Првиот чове на Барселона, Баротмеу, тогаш реагираша експресно пати 140 милиони евра за Дембеле, кој во првата сезона не ги исполни очекувањата, а потенцијалот го најави оваа сезона, во која два пати имаше подолги паузи поради повредите.

„Дембеле е подобар фудбалер од Нејмар. Тој е на повисоко ниво од него, експресно се вклопи во новиот тим. Знаевме што правиме, бевме свесни дека тој ќе биде големо засилување за Барселона, особено во иднина“, рекол Баротмеу.

Тој негирал дека клубот размислува за продажбата на Фелипе Кутињо и најавил дека Иван Ракитиќ ќе добие нов договор.

„Веќе ви објаснив, имаме проект со Дембеле и Кутињо, сметаме на нив за во иднина. Ракитиќ е значаен играч за нашиот тим и сигурно ќе го продолжиме договорот со него“, заклучил претседателот на Барселона.

Scroll to Top