Top Sport

Меси не постигнал гол во четврт-финалето уште од 2013 година

Лионел Меси е подготвен за натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Аргентинецот не играше во саботата против Уеска во Ла Лига, а покрај него тренерот Валверде одмори уште неколкумина од стандардните фудбалери.

На прес конференцијата Валверде потврди дека нема проблеми со составувањето на тимот и одговори на податокот дека Меси во четврт-финалната фаза, во Лигата на шампионите, не постигнал гол уште од 2013 година и пресметката со ПСЖ.

„Тоа значи дека е време да постигне гол“, со насмевка одговорил Валверде и дополнил.

„Статистиката говори за она што веќе се случило, а не за она што ќе се случи. Меси е во совршена форма за овој меч“.
Натпреварот на „Ноу Камп“ ќе започне во 21 часот, Барса по првиот меч има предност над Манчестер Јунајтед 1:0.

Scroll to Top