Барселона се подготвува да достави понуда до Наполи за Сенегалецот Калиду Кулибали. Доколку понудата биде прифатена тогаш Кулибали ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, бидејќи каталонците се подготвени да платат 100 милиони евра за неговите услуги.
Кулибали, во моментов е еден од најдобрите одбрамбени фудбалери во светот, а во Барселона се убедени дека тој може да ги реши нивните проблеми во дефанзивата. Одбраната на Барса делува лошо од почетокот на сезоната, проблемите на тренерот Ернесто Валверде се зголемија по повредите на Самуел Умтити и Томас Вермален.
Пазарната вредност на Кулибали изнесува 60 милиони евра, меѓутоа челниците на Барселона биле подготвени да платат 100 милиони евра за да ги обезбедат неговите услуги, пишува „Кориере дело спорт“.
Во летниот преоден рок, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентус ги одби понудите од 90 милиони евра кои за Кулибали ги испратија од Челси и Манчестер јунајтед.
Кулибали во Наполи ја игра четвртата сезона, а претходно настапуваше за Генк и Мец.