Top Sport

Башакшехир на „босански“ погон се израмни со Галата (видео)

Башакшехир Истанбул го совлада тимот на Анталијаспор со 2:0 на гости, за да се израмни со првопласираниот тим на Галатасарај со 69 поени на врвот на турската Суперлига, која ќе има супер-интересна завршница.

Ријад Бајиќ во 30. минута донесе водство за новата турска фудбалска сензација, пред неговиот босанскохерцеговски сонародник, Един Бишќа во 76. минута да ја потврди победата на тимот чија прва ѕвезда, Арда Туран вчера доби суспензија од 16 меча за туркање на судијата на претходниот лигашки меч.

Сега, Галата останува прва на табелата со 69 поени и 72:33 гол-разлика, Башакшехир се втори со ист број на поени и 59:32 гол-разлика, додека трети се Фенербахче со 66 поени, а на четвртото место се Бешикташ со 65. Сите клубови освен Башакшехир имаат уште два натпревари до крајот на сезоната.

Scroll to Top