Top Sport

Башакшехир преку Галатасарај до првото место во Турција (видео)

Башакшехир стигна до минимална 1:0 победа на гостувањето кај турскиот шампион Галтасарај за да се искачи на првото место во Турската Суперлига.

Човек на одлука беше норвешкиот напаѓач Фредрик Гулбрандсен, кој во 78. минута се најде во совршена шанса по одличната асистенција на Ирфан Кавечи за голема победа на стадионот „Турк Телеком“.

По 12 кола, Башакшехир има 22 поени пред Сиваспор (21) и Фенербахче (20), кои имаат натпревар помалку. Галатасарај се на шестото место со 19 поени.

Scroll to Top