Top Sport

Смртта на Милт Паласио, сепак, е лажна вест

Денеска на повеќе интернет-портали се појави веста дека поранешниот НБА кошаркар, но и играч на Партизан, Милт Паласио загинал во сообраќајна несреќа во Канада, кои на крајот беше демантирана од повеќе извори.

Според првите вести, 41-годишниот Паласио бил прегазен од автомобил пред шопинг-центар во Торонто, Канада, по што тој починал во болницата, но неговиот клуб, Лонг Ајленд нетс, каде што тој работи како тренер ги демантираше вестите.

„Тие вести се целосно невистинити. Зборувавме со Милт и тој е океј“, изјавија од тимот.

Паласио во НБА лигата играше за Ванкувер, Бостон, Феникс, Кливленд, Торонто и Јута, за во 2007 година да заигра за Партизан како еден од најдобрите странски кошаркари во српскиот клуб, освојувајќи ја националната титула и АБА лигата. Тој ја заврши кариерата во 2013 како кошаркар на Литувос Ритас.

Scroll to Top