Башакшехир со голот на Един Вишќа од пенал во 95. минута успеа да „извлече“ 1:1 реми против Ризеспор за да освои поен во тесната трка за титулата во Турската Суперлига.
Башакшехир останува прв на табелата со 62 поени, но откако во последните четири меча успеаја да победат само еднаш, Галатасарај се доближи на само три поени од нив на само пет кола до крајот на шампионатот.
Гостите стигнаа до водство во 62. минута со голот на Косовецот Ведат Муриќи, и покрај тоа што домашниот клуб имаше повеќе од играта. Сепак, на крајот до поен стигнаа со гол од пенал, кој во свој 12. гол оваа сезона го реализираше босанскохерцеговскиот репрезентативец Вишќа.