Top Sport

Баскијците растурија Супер Куп финале Реал – Барса

Атлетик Билбао е екипата која ќе игра финале во Супер Купот на Шпанија откако вечерва тимот од Баскија со 2-1 славеше против Реал Мадрид во полуфиналети и спречи нов голем судир на гигантите.

Играчот на тимот од Билбао, Раул Гарсија е најголемиот виновник што Реал Мадрид нема да ја брани титулата освоена минатата година.

На стадионот „Ла Росаледа“ во Малага Гарсија донесе водство за Атлетик во 18 минута, а 20 минути подоцна истиот играч од пенал ја дуплираше предноста.

Единствено што успеа Реал да направи на овој меч и покрај силниот притисок е да намали на 1-2 преку Бензема во 73 минута.

Во финалето на шпанскиот Супер Куп, Атлетик за противник ќе ја има Барселона.

Scroll to Top