Слабата партија на Џанлуиџи Буфон при 2:2 ремито на Јувентус со Тотенхем во Лигата на шампионите, го натера Марио Баслер да побара од италијанскиот ветеран конечно да стави крај на кариерата.
Јувентус водеа со 2:0 по 10 минути во Торино, но на крајот ќе патуваат во Англија со 2:2, откако Хери Кејн и Кристијан Ериксен го совладаа Буфон – прво Кејн го искористи излегувањето на Буфон да го совлада, а потоа Ериксен имаше одличен слободен удар.
Буфон претходно најави дека 2017/18 е неговата последна сезона, но околу оваа одлука постојат многу шпекулации, и поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, Баслер вели дека е време за крај.
„Џиџи беше исклучителен голман, но понекогаш го промашуваме времето кога треба да се повлечеме. Тој го направи тоа. Клубот и тренерот Макс Алегри треба да му соопштат дека дојде времето да се сопре. Можеби ја сака титулата од Лигата на шампионите, но тој веќе не е голман за на интернационално ниво и нема да може да освои трофеј со него“, вели Баслер во интервју за „Спорт 1“.
ЛШ: Тотенхем херојски во Торино, Сити се прошета во Швајцарија (видео)